Презентации за ООП за претпријатија:
Обука за Националното координативно тело за ООП (односи со вработените):
Обука за медиуми за ООП:
Денес, 6 септември 2011 година, во ЕУ Инфо центарот се одржа информативен настан за Националната награда за општествено одговорни практики на претпријатијата за 2010.
Целта на настанот беше да се презентира Наградата и начинот на аплицирање. На настанот присуствуваа повеќе од 40 претставници на компании заинтересирани за Наградата.
На присутните им се обрати Александар Николов, претседател на Националното координативно тело за ООП. Тој направи краток осврт на улогата на Координативното тело и даде вовед за Наградата.
Министерството за економија, Македонската развојна фондација за претпријатија, Сојузот на стопански комори на Македонија и здружението Конект ве покануваат на информативен настан за Националната награда за општествено одговорни практики на претпријатијата за 2010 што ќе се одржи на 06 август 2011 година (вторник), во 11 часот во ЕУ Инфо центарот во Скопје.
Започна пријавувањето за Националната награда за најдобри општествено одговорни практики што ја доделуваат Координативното тело за општествена одговорност на претпријатија и Министерството за економија на Република Македонија. Конкурсот е објавен во дневниот печат и на веб страниците на Министерството и Координативното тело и трае до 20 септември 2011 година.
Во рамките на проектот од ЦИП Програмата на ЕК: „Поддршка на реализацијата на Националната агенда за општествена одговорност на претпријатијата во Република Македонија“, беше реализирана Обука за запознавање со концептот на ООП, за бизнис здруженија (комори, кластери и секторски здруженија).