Министерството за економија на Република Македонија, Македонската развојна фондација за претпријатија, Сојузот на стопански комори на Македонија и Здружението Конект во соработка со Организацијата на потрошувачите на Македонија организираат тематски форум на тема „Односи со потрошувачи"

Тематскиот форум ќе се одржи на 30 ноември 2011 г. во10 часот, во хотел Стоун Бриџ, Скопје.

Форумот ќе го отвори министерот за економија на Република Македонија, Ваљон Сарачини и претставник од Делегацијата на ЕУ во Република Македонија.

На форумските сесии воведничари ќе бидат:

  • Маријана Лончар-Велкова, Претседател на Организацијата на потрошувачите на Македонија;
  • Александар Николов, Претседател на Националното координативно тело за општествена одговорност на претпријатијата во Република Македонија (НКТ ООП);
  • Робин Симпсон, консултант за односи со потрошувачи (Consumers International);
  • Невенка Крушаровска, Заменик на народниот правобранител на Република Македонија;
  • Владимир Петковски, професор, Економски факултет во Скопје;
  • Весна Кузмановиќ, Извршен директор, ГфК Скопје;
  • Нериман Џеладини, Сектор за потрошувачи, Министерство за економија на РМ;
  • Митко Алексов, Извршен директор, Сојуз на стопански комори на Македонија;
  • Роберт Орданоски, Агенција за електронски комуникации на Република Македонија.

На форумот ќе бидат разгледани повеќе прашања:

  • Која е законската рамка за заштита на потрошувачите во ЕУ и Македонија и потребата од унапредување?
  • Каде се лоцирани проблемите на потрошувачите од досегашните искуства во работењето на ОПМ ?
  • Како е оценета потребата од примената на кодекси за однесување во одредени области како дел од добрите деловни практики?
  • Како може да се подигне свеста на потрошувачите и трговците за пласирање на пазарот и купување производи кои не се штетни за околината и здравјето на луѓето и се произведени со примена на добри деловни практики?
  • Дали одговорните претпријатија влијаат на одлуката на потрошувачите каде да купуваат односно дали го менуваат однесувањето на потрошувачите?

Тематскиот форум е дел од проектот „Поддршка за реализација на Националната агенда за општествена одговорност на претпријатијата во Република Македонија" (ООП во РМ), чиј носител е Министерството за економија на РМ во партнерство со Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП), Сојузот на стопански комори на Македонија и Здружението Конект.

Форумот се одржува во соработка со Организацијата на потрошувачи на Македонија (ОПМ) која прославува 15 години од своето основање.

Преземи покана и агенда за настанот.

Повеќе информации за настанот ќе најдете на Фејсбук страна http://facebook.com/oopmk или кај Глигор Михаиловски, МРФП на тел. 02/3088-995.