По реализација на сесијата за планирање во април 2011 година потребно е да се организираат 13 средби во државни институции и останати регулатори. Целта на овие средби е, експерт во полето на јавни политики за ООП да помогне во ревидирањето на ставките во оперативни планови и одредувањето на одговорните оддели или единици за ставките во секој оперативен план. Дополнително, во областите кои потпаѓаат под ингеренција на повеќе регулатори или оддели/единици, експертот ќе подготви препораки за воспоставување заеднички работни групи.

Откако ќе бидат развиени оперативните планови на државните институции за имплементирање на мерките предвидени со Националната агенда за ООП, избраниот експерт ќе треба да овозможи менторска и експертска поддршка за секоја вклучена државна институција/регулатор, за потребите на подготвување на плановите.

Оваа активност е дел од проектот Општествена одговорност на претпријатијата во РМ (ООП во РМ) кој има за цел да даде поддршка на вклучувањето на практиките и политиките на ООП во главните текови, во рамките на делувањето на различни чинители за ООП во Република Македонија. Водечки партнер е Министерството за економија на Република Македонија, заедно со останатите три проектни партнери: Здружението Конект, Македонска развојна фондација за претпријатија (МРФП), и Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК).

Автори и избор
Право за аплицирање имаат физички лица. Изборот на фацилитаторот ќе го изврши здружението Конект. Во процесот на избор на фацилитатор ќе бидат вклучени и Министерството за економија на РМ, ССК, МРФП како и Советодавното тело на ООП МК. Изборот ќе биде направен врз основа на експертизата на кандидатот и искуството од областа. Избраниот фацилитатор ќе биде известен веднаш по завршувањето на конкурсот.

Начин и рок на пријавување
Пријавувањето се врши со испраќање на биографија на електронска пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., најдоцна до 28 декември 2011 г. Во насловот/субјектот на електронската пошта да стои: „Конкурс за избор на експерт за ревидирање на оперативните планови“.

Прашања за појаснување на конкурсот може да се постават најдоцна до 23 декември 2011 г. на горенаведената адреса за е-пошта. Лице за контакт е Биљана Гинова, Координаторка на компонента на ООП во РМ, тел. 02/3224-1998 и Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..