Министерството за економија на Република Македонија, Македонската развојна фондација за претпријатија, Сојузот на стопански комори на Македонија и Здружението Конект во соработка со Бизнис конфедерација на Македонија имаат чест да ви упатат покана за учество на тематскиот форум: „Етичко управување во претпријатија“.
Тематскиот форум „Етичко управување во претпријатија“,ќе се одржи на 30 ноември 2012 г. (петок) во хотел Порта, Скопје.
На форумските сесии ќе учествуваат следните говорници:
- Тетјана Лазаревска, Извршен директор, Македонска развојна фондација за претпријатија;
- Миле Бошков, Извршен Претседател, Бизнис конфедерација на Македонија;
- Љубинка Корабоска, Претседател, Државна комисија за спречување корупција;
- Митко Алексов, Извршен директор, Сојуз на стопански комори на Македонија;
- Сашо Клековски, регионален Сениор раководител и аналитичар;
- Кирил Нејков, Раководител, Меѓународна финансиска корпорација;
- Владимир Георгиев, Државен советник, Државна комисија за спречување корупција;
- претставници на наградени претпријатија за етичко управување Дониа, Раде Кончар ТЕП и Фармахем.
На форумот ќе бидат разгледани повеќе теми:
- Како се управува етички во едно претпријатие: промоција на формални правила и кодекси на деловно однесување; дијалог со вработените и надворешни страни; воведување менаџмент стандарди; објавување ревидирани финансиски извештаи; поделба на управувањето и раководењето; промоција на застапеност на маргинализирани групи, итн.;
- ЕУ правила/кодекси во претпријатија за добро управување и влијанието на културата во Македонија/вредностите на доброто управување во претпријатијата;
- Меѓународни стандарди за подобрување на доброто управување во претпријатијата;
- Кои се придобивките на транспарентно и етичко управување: подобрен имиџ и зголемена вредност на брендот; привлекување на (општествено одговорни) инвеститори; подобрен менаџмент на ризиците.
Тематскиот форум е дел од проектот ““Поддршка за реализација на Националната агенда за општествена одговорност на претпријатијата во Република Македонија“ (ООП во РМ), чиј носител е Министерството за економија на РМ, во партнерство со Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП), Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) и Здружението Конект.
Форумот се одржува во соработка со Бизнис конфедерација на Македонија.
Повеќе информации за настанот ќе најдете во следниот документ, на Фејсбук страна или кај Глигор Михаиловски, МРФП на тел. 02/3088-995.