На 29 септември (четврток) 2011 година, во хотелот Кристал Палас во Прилеп ќе се одржи презентација на општествената одговорност на претпријатијата.

Вовед во темата ќе дадат Бети Попова од Министерството за економија и Глигор Михаиловски од Македонската развојна фондација за претпријатија. На присутните ќе им се обрати и претставник на локалната самоуправа, а ќе бидат презентирани и општествено одговорните практики на компаниите Дониа и Микросам од Прилеп.

На презентацијата се поканети сите заинтересирани претпријатија од Прилеп. Освен за самиот концепт на ООП, тие ќе имаат можност да дискутираат и за законската рамка и досегашниот напредок на ООП во Македонија, за тоа преку ООП може да се генерира добивка во работењето, како да се зголеми информираноста за овој концепт итн.

Целта на настанот е да се промовира општествената одговорност на претпријатијата во земјата, постоечката регулатива како и да се објасни нејзината примена во малите и средните претпријатија.

Презентацијата е дел од проектот „Поддршка за реализација на Националната агенда за општествена одговорност на претпријатијата во Република Македонија“, чиј носител е Министерството за економија на Република Македонија во партнерство со Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП), Сојузот на стопански комори на Македонија и Здружението Конект.

Преземи покана и агенда за настанот.