Министерството за економија, Македонската развојна фондација за претпријатија и Сојузот на стопанските комори на Македонија во соработка со општина Битола, денеска го презентираа проектот „Општествена одговорност на претпријатијата во Република Македонија“.
Актуелната состојба со општествената одговорност на претпријатијата, мотивите за воведување на овој концепт за претприемачите и државата беа главните теми на одржаната презентација , дел од проектот Поддршка за реализација на Националната агенда за општествена одговорност на претпријатијата во Република Македонија.
Со примена на општествената одговорност претпријатијата ја зголемуваат својата успешност и добивка во работењето, беше потенцирано на денешната презентација во Охрид на Проектот - "Општествена одговорност на претпријатијата"...