Заменик министерот за економија Катерина Костеска денеска го отвори тематскиот форум за општествена одговорност на претпријатијата (ООП), со наслов „Односи со потрошувачи“, кој се одржа во хотел Стоун Бриџ, во организација на Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП). Овој форум е втор во серијата тематски форуми во проектот „Поддршка за реализација на Националната агенда за општествена одговорност на претпријатијата во Република Македонија“ (ООП во РМ), чиј носител е токму Министерството за економија на РМ во партнерство со МРФП, Сојузот на стопански комори на Македонија и Здружението Конект.