[Презеншација на проект поддржан од Европскаша комисија] Во понеделникот, во хотелот „Милениум" се одржа третата по ред презентација на проектот за општествена одговорност на претпријатијата. Настанот беше во рамките на проектот „Поддршка за реализација на националната агенда за општествена одговорност на претпријатијата во Република Македонија" поддржан од Европската комисија.

oop-bitolski-vesnik

Министерството за економија на Република Македонија, Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП), Сојузрт на стопанските комори на Македонија (ССК) и Здружението "Конект", во соработка со Регионалната развојна агенција на Пелагонија-ПРЕДА заеднички го спроведуваат овој проект.

-Главната цел на проектот е да се запознаат домашните претпријатија, бизнисите во Македонија, останатите правни тела, граѓанските организации, експертите за тоа што претставува општествената одговорност на претпријатијата. Општествената одговорност има пет елементи: вложувања во заедницата преку донации и спонзорства, етичко однесување, односите со вработените во претпријатијата и фирмите, односите со потрошувачите и добавувачите и заштита на животната средина. Наша интенција е уште да посочиме дека општествената одговорност не претставува трошок за претпријатијата, туку инвестирање за свое добро, бидејќи на крајот на краиштата бизнисите работат во заедницата која треба да ги поддржува понатаму. Ние укажуваме дека инвестирањето во добро општествено однесување претпријатијата и бизнисите ќе го зголемат профитот и добивката, бидејќи потрошувачите ќе имаат дополнителен мотив да ја поддржат таа фирма изјави Глигор Михаиловски, од Македонската развојна фондација за претпријатија.

Градоначалникот на Општината Битола, Владимир Талески, кој свечено ја означи презентацијата за отворена, посочи дека Општината Битола го поседува ИСО сертификатот 2008:9001 што значи дека во делот на транспарентноста и останатите сегменти кои се дадени како критериуми што треба да се исполнат, во Битола тие максимално се реализираат.

-Тука спаѓа делот со вработените, етичкото управување кое е доста битно, бидејќи тука спаѓа сегментот на транспарентноста и одговорноста. Заштитата на животната средина е доста битен аспект без разлика во колкава мерка ќе бидат инвестициите, големо внимание се посветува на животната срединаистакна на презентацијата градоначалникот Талески.

Вложувањата во заедницата односно создавањето на условите за вработување е темата што е доста битна за Општината Битола, посочи првиот човек на Битола.

-Локалната самоуправа максимално се вложи во реализацијата на крупниот проект Индустриската зона „Жабени" и Општината максимално се обидува да создаде услови за вложувања на инвеститорите, бидејќи крајната цел и намера е создавање услови за вработување на граѓаните. Сите овие години наназад се обидуваме да ги подобриме условите за инвестиции за да се постигне крајната цел, обезбедување услови за вработување на граѓаните на Битола посочи градоначалникот Талески.

Дополнително во Битола беа презентирани добрите локални бизнис-практики од областа на ООП кои со своето одговорно работење, покрај придонесот за локалната средина и луѓе, забележуваат и добри резултати во своето работење.

Извор: БИТОЛСКИ ВЕСНИК (28 СЕПТЕМВРИ 2011)