Во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници, а со цел да им го направиме поубаво секојдневието на оние чии насмевки се најслатки - децата, НЛБ Тутунска банка оваа година организираше хуманитарна акција во која донираше играчки.

Донациите беа на вработените, соработниците и клиентите на Банката и се собираа во периодот од 19 до 29.12.2011 година. Подароците ги добија дечињата од СОС Детско село, МАЈЧИН ДОМ – Скопје и домот за деца без родители-Скопје.

НЛБ Тутунска банка им благодари на хуманоста на сите вработени, соработници и клиенти за донираните играчки. За возврат, Ви ги даруваме насмевките на децата кои беа предизвикани од играчките кои им ги дадовте.






