Македонската развојна фондација за претпријатија и Здружението Конект имаат чест да Ве поканат на прес конференција и промоција „Бизнисот и општествената одговорност – нови алатки за имплементација“
Денес (30 ноември 2012 година) во Скопје се одржа форумот на тема „Етичко управување во претпријатијата“, како еден аспект на општествената одговорност на претпријатијата. На форумот зборуваа Миле Бошков, извршен претседател на Бизнис конфедерацијата на Македонија; Сашо Клековски, регионален сениор раководител и аналитичар; Софка Пејовска Дојчиновска, претседател на Државната комисија за спречување корупција; Митко Алексов, извршен директор на Сојузот на стопански комори на Македонија; Кирил Нејков, раководител на Меѓународната финансиска корпорација.
Министерството за економија на Република Македонија, Македонската развојна фондација за претпријатија, Сојузот на стопански комори на Македонија и Здружението Конект во соработка со Бизнис конфедерација на Македонија имаат чест да ви упатат покана за учество на тематскиот форум: „Етичко управување во претпријатија“.
Координативното тело за општествена одговорност на претпријатијата (ООП) денес, 1 ноември 2012 година, на 12 претпријатија им ја додели Националната награда за ООП за 2011 година. Уште 16 претпријатија добија плакети за постигнувањата во ООП.
На 1 ноември 2012 година со почеток во 11 часот, во хотелот Холидеј ин во Скопје ќе биде доделена Наградата за општествена одговорност на претпријатијата.
На присутните ќе им се обратат Ваљон Сарачини, министер за економија во Владата на РМ, НЕ Аиво Орав, шеф на делегацијата на ЕУ во Македонија и Александар Николов, претседател на Координативното тело за општествена одговорност на претпријатијата.