Општата цел на проектот Вклучување на Националната агенда за општествена одговорност на претпријатијата (ООП) во главните текови – Поддршка за националната платформа за ООП е придонес кон одржлив економски раст, преку промоција на општествена одговорност на претпријатијата во општеството.
Цел на проектот е поддршка на вклучувањето на практиките и политиките на ООП во главните текови, во рамките на делувањето на различни чинители за ООП во Република Македонија.
Целна група се:
- Општата јавност и медиумите; и
- Клучните чинители во ООП, особено:
- Претпријатијата, особено МСП;
- Граѓански организации;
- Претставници на Владата.
Очекувани резултати од проектот се:
- Зголемена свест на јавноста за концептот и придобивките од ООП;
- Развиени капацитети и знаења на клучните чинители за ООП;
- Создадена поволна околина за развој на ООП.
Предвидени се три компоненти во рамките на проектот, за секој од планираните резултати.
Компонентата 1 ги вклучува следните активности: изработка на промотивни материјали за ООП, ООП караван, тематски форуми за ООП, медиумска кампања за ООП, како и интернет сајт за ООП и е-билтен.
Компонентата 2 вклучува обука на МСП, развивање на капацитетите на граѓанските организации (ГОи), обука на медиумите и градење капацитет на Националното координативно тело за ООП).
Компонентата 3 вклучува организација на доделување национална награда за ООП, известување од државните и приватните претпријатија за мерките за ООП кои ги спроведуваат, мапирање на потребните чекори за воведување ООП во процедурите за јавни набавки и консултации и експертска поддршка за креирање политики за работните групи на државните институции и Националното координативно тело за ООП.
Водечки партнер е Министерството за економија на Република Македонија, заедно со останатите три проектни партнери:
- Македонска развојна фондација за претпријатија (МРФП):
- Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК); и
- Здружението Конект.
Проектот е поддржан од страна на 5 организации кои соработуваат со водечката организација и партнерите: Министерството за животна средина и просторно планирање, Организацијата на потрошувачи на Македонија, Конфедерација на работодавци, Независен синдикат на лицата со хендикеп Егалите и Стопанската комора на Северозападна Македонија.
Вкупниот буџет на проектот изнесува 394,285 ЕУР
Времетраењето на проектот е 24 месеци.