Координативното тело за општествена одговорност на претпријатија и Министерството за економија на Република Македонија доделуваат Национална награда за најдобри општествено одговорни практики за 2010 година во следните категории (посебно за големи и мали/средни претпријатија):
-
-
- Oдноси со вработените
- Eтичко управување
- Односи на пазарот со добавувачите/потрошувачите
- Заштита на животната средина
- Вложување во заедницата
-
- Право на учество во изборот имаат сите претпријатија регистрирани во Република Македонија;
- Едно претпријатие може да аплицира само со еден проект во една категорија, а истовремено може да учествува со повеќе проекти доколку се во различни категории;
- Големината на буџетот вклучена во одредена практика, не е одлучувачки фактор, туку идејата и квалитетните проекти, како и постигнатите резултати;
- Наградените ќе бидат избрани од страна на стручни жири комисии;
- Сите апликации, материјали и податоци ќе бидат третирани како строго доверливи и ќе бидат дадени на увид само на проектниот тим и членовите на жири комисијата.
Годинешнава национална награда се спроведува во рамките на проектот: Општествената одговорност на претпријатијата во РМ, кофинансиран од Европската Унија во рамките на Рамковната програма за конкурентност и иновации (CIP) 2007-2013, спроведуван од Министерство за економија во партнерство со: Македонска развојна фондација за претпријатија, Сојуз на стопански комори на Македонија и здружение Конект.
Апликациите за пријавување со критериуми за селекција се достапни на www.economy.gov.mk и www.cbcsr.mk.
Ве молиме да ги доставите вашите пријави преку електронска пошта на адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. со забелешка: „Пријава за Национална награда за општествено одговорни практики" или по пошта (во затворен плик) со забелешка: „Пријава за Национална награда за општествено одговорни практики“ на адреса: Министерство за економија на РМ, ул „Јуриј Гагарин“ 15, 1000 Скопје.
Пријавите се примаат најдоцна до 20-ти септември 2011 година, до 15:00 часот
Преземи апликација за награда за ООП.
Преземи насоки за подготовка на аплицирање за награда за ООП.