Македонската развојна фондација за претпријатија и Здружението Конект имаат чест да Ве поканат на прес конференција и промоција „Бизнисот и општествената одговорност – нови алатки за имплементација“

Промоцијата ќе се одржи на 27 декември 2012 во ЕУ Инфо центар со почеток во 12:00 часот. На настанот ќе се промовираат извештаи за ООП и публикациите кои беа објавени во рамки на проектот:

  • Водич за системи за управување и стандарди со општествена одговорност на претпријатијата, Михаил Китановски, Дубравка Ивановска и Јасмина Илиевска;
  • Водич за подготовка на стратегија за ООП кај мали и средни претпријатија, уредничка: Никица Кусиникова;
  • Прирачник за изготвување на ООП извештај во мали и средни претпријатија во Република Македонија, Никица Кусиникова и Горан Лазаревски;
  • Известувањето за ООП: стандарди, практики во ЕУ и можности и предизвици во Република Македонија, Горан Лазаревски и Никица Кусиникова;
  • Студија за вклучување на општествените аспекти во јавните набавки во Европската унија: предлог елементи за земање во предвид на општествените аспекти во јавните набавки;
  • Општествена одговорност на претпријатијата – „Анализа на политики и практики во ЕУ“ (Микулаш Варгиц, Робин Симпсон, Капка Панајотова, Сашо Клековски, Алеш Крањц Кушлан);
  • Добри практики на општествена одговорност - „Примери од Словенија и Македонија“ (Гонце Јаковлеска, Жарко Настоски, Марија Георгиевска, Валентина Новковска-Трајковска).
  • Извештаи на ООП на 10 мали и средни претпријатија

Во рамки на проектот, 10 мали и средни претпријатија примија консултативна поддршка при подготвување на нивните први извештаи за општествена одговорност. Претставници од 2 претпријатија ќе ги презентираат сопствените извештаи и процесот за подготвување на истите.

Промоцијата е организирана во рамки на проектот „Општествена одговорност на претпријатијата во РМ“. Водечки партнер е Министерството за економија на Република Македонија, заедно со останатите три проектни партнери: Здружението Конект, Македонска развојна фондација за претпријатија (МРФП), и Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК). Повеќе информации за проектот ќе најдете на фејсбук страна (http://facebook.com/oopmk) или кај Биљана Гинова, Здружение Конект на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Ве молам потврдете го вашето присуство најдоцна до 26 декември 2012 година кајБиљана Гинова на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..