Министерството за економија на Република Македонија, Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП), Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) и Здружението Конект имаат чест да ви упатат покана за презентација на Општествената одговорност на претпријатијата.

Презентацијата ќе се одржи на 5 јули 2011 г. во 11 часот во ресторан Снупи во Велес.

На присутните ќе им се обратат:

  • Маја Ќурчиева, Министерство за економија на Република Македонија;
  • Горан Лазаревски, Национално координативно тело за општествена одговорност на претпријатијата;
  • Лазар Неданоски, Македонска развојна фондација за претпријатија;
  • претставници од локални претпријатија со добри бизнис практики: Благој Ѓорев, Хемија Комерц и други;

Целта на настанот е да се промовира општествената одговорност на претпријатијата во земјата, постоечката регулатива како и да се објасни нејзината примена во малите и средните претпријатија. Претприемачите и експерти, ќе дискутираат за тоа:

  • Што претставува општествената одговорност на претпријатијата (ООП)?
  • Која е законската рамка и досегашниот напредок за ООП во Македонија?
  • Како со одговорно работење можат да се генерира добивка во работењето;
  • Кои се добрите локални и национални бизнис практики?
  • Како да се зголеми информираноста за ООП во земјата?

Презентацијата е дел од проектот “Поддршка за реализација на Националната агенда за општествена одговорност на претпријатијата во Република Македонија“, чиј носител е Министерството за економија на Република Македонија во партнерство со Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП), Сојузот на стопански комори на Македонија и Здружението Конект.

Повеќе информации за настанот ќе најдете во Дневниот ред или кај Глигор Михаиловски, МРФП на тел. 02/3088-995.