Во рамките на проектот од ЦИП Програмата на ЕК: „Поддршка на реализацијата на Националната агенда за општествена одговорност на претпријатијата во Република Македонија“, беше реализирана Обука за запознавање со концептот на ООП, за бизнис здруженија (комори, кластери и секторски здруженија).

Со цел концептот на ООП да се доближи до колку што е можно поголем број на граѓански организации и да се остварат горенаведените цели на обуката, беше организирана обука на 22 јуни 2011 година, во Клубот на новинари во Скопје, со почеток од 09:30 часот.

Целта на оваа обука бешее претставниците од бизнис здруженијата да се запознаат со концептот на општествена одговорност и нивната улога во примена на овој концепт, како дел од нивните тековни активности.