Започна пријавувањето за Националната награда за најдобри општествено одговорни практики што ја доделуваат Координативното тело за општествена одговорност на претпријатија и Министерството за економија на Република Македонија.

Објавен конкурсот за Наградата за ООП

Конкурсот е објавен во дневниот печат и на веб страниците на Министерството и Координативното тело и трае до 20 септември 2011 година.


Наградата се доделува во категориите: Oдноси со вработените, Eтичко управување, Односи на пазарот со добавувачите/потрошувачите, Заштита на животната средина и Вложување во заедницата.


Право на учество во изборот имаат сите претпријатија регистрирани во Република Македонија.


Годинешнава национална награда се спроведува во рамките на проектот: Општествената одговорност на претпријатијата во РМ, кофинансиран од Европската Унија во рамките на Рамковната програма за конкурентност и иновации (CIP) 2007-2013, спроведуван од Министерство за економија во партнерство со: Македонска развојна фондација за претприемништво, Сојуз на стопански комори на Македонија и здружение Конект.

Преземи формулар за аплицирање за награда за ООП.

Преземи насоки за аплицирање за награда за ООП.