На 21 октомври (петок) 2011 година, со почеток во 11 часот, во хотелот Илинден во Струмица ќе се одржи презентација на општествената одговорност на претпријатијата.

На присутните ќе им се обратат:

  • Стојан Лазарев, претседател на Центарот за развој на источниот плански регион;
  • претставник од локална самоуправа на општина Струмица;
  • Бети Попова од Министерството за економија на Република Македонија;
  • Гонце Јаковлеска, Македонска развојна фондација за претпријатија и
  • претставници од претпријатија со општествено одговорни практики: Фармахем, Експро.

Целта на настанот е да се презентира ООП во земјата, постоечката регулатива како и да се објасни нејзината примена во претпријатијата. Претприемачите и експерти, ќе дискутираат за тоа:

  • Што претставува општествената одговорност на претпријатијата (ООП)?
  • Која е законската рамка и досегашниот напредок за ООП во Македонија?
  • Како со одговорно работење може да се генерира добивка во работењето?;
  • Кои се добрите локални и национални бизнис практики?

Презентацијата е дел од проектот „Поддршка за реализација на Националната агенда за општествена одговорност на претпријатијата во Република Македонија", чиј носител е Министерството за економија на Република Македонија во партнерство со Македонската развојна фондација за претпријатија, Сојузот на стопански комори на Македонија и Здружението Конект. Настанот е организиран во соработка со Центарот за развој на источниот плански регион.