Здружението Конект во рамките на проектот „Општествена одговорност на претпријатијата во РМ“ објавува јавен повик за избор на 10 мали и средни претпријатија за доделување на експертска поддршка и менторство при подготовка на извештај за општествена одговорност на претпријатието.

Целта на повикот е да се селектираат мали и средни претпријатија кои веќе применуваат општествено одговорни практики во рамки на нивното работење на кои ќе им се додели експертска поддршка и менторство при подготовка на извештај за општествена одговорност на претпријатието.

Критериуми за селекција на претпријатијатијата се следни:

  • претпријатието да е регистриран деловен субјект во Република Македонија;
  • активно да врши дејност најмалку 2 години до крајниот рок на повикот;
  • апликантот да припаѓа на категоријата мало или средно претпријатие;
  • да спроведува општествено одговорни практики;
  • да има јасно искажан интерес за известување во доменот на ООП.

За учество на повикот, заинтересираните претпријатија треба да поднесат:

  • апликација за учество на повик;
  • писмо за интерес во кое ќе ја објаснат мотивацијата за учество на повикот ;
  • копија од решението за основање.

Преземи апликација за пријавување.

Ве молиме да ги доставите вашите пријави преку електронска пошта со забелешка: Пријава на јавен повик за доделување на експертска поддршка на адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или по пошта (во затворен плик) со забелешка: Пријава на јавен повик за доделување на експертска поддршка на адреса: Здружение Конект, ул „Вељко Влаховиќ“ 22а-1/2, 1000 Скопје.

Пријавите се примаат најдоцна до 23-ти декември 2011 година, до 15:00 часот.