На 1 ноември 2012 година со почеток во 11 часот, во хотелот Холидеј ин во Скопје ќе биде доделена Наградата за општествена одговорност на претпријатијата.

На присутните ќе им се обратат Ваљон Сарачини, министер за економија во Владата на РМ, НЕ Аиво Орав, шеф на делегацијата на ЕУ во Македонија и Александар Николов, претседател на Координативното тело за општествена одговорност на претпријатијата.

Оваа година, Наградата е дел од проектот „Општествената одговорност на претпријатијата во РМ“, кофинансиран од Европската Унија, а спроведуван од Министерството за економија во партнерство со Македонската развојна фондација за претпријатија, Сојузот на стопански комори на Македонија и здружението Конект.