Координативното тело за општествена одговорност на претпријатијата (ООП) денес, 1 ноември 2012 година, на 12 претпријатија им ја додели Националната награда за ООП за 2011 година. Уште 16 претпријатија добија плакети за постигнувањата во ООП.

IMG 4014

Кај големите претпријатија, беа доделени награди во пет категории. За Односи со вработените наградата ја доби Цементарница УСЈЕ АД Скопје за проектот Надоместоци, бенефиции и добросостојба на вработените; за Етичко управување наградата му припадна на Фени Индустри АД Кавадарци за проектот Сигурна и безбедна работна и животна средина; за Однос со добавувачи и потрошувачи наградата ја добија АД Електрани на Македонија за проектот Влијание на снабдувачите во унапредување на односот кон вработените, во категоријата Животна средина, награден е Макпрогрес ДОО Виница за проектот РРР – Редуцирај, рециклирај, реупотребувај; а за Вложување во заедницата наградата ја добија ЕВН Македонија АД за проектот Прва патувачка детска опера во Македонија „Јованче и Марика“ и Пивара Скопје АД Скопје за проектот Обука за менаџери.

И кај малите и средни претпријатија доделени се пет награди и тоа: во категоријата Односи со вработените наградата ја доби Македонијалек ДООЕЛ Скопје за проектот Унапредување на квалитетот на работното место; за Етичко управување наградата и припадна на Дониа ДОО Прилеп за проектот Систем, транспарентност, етика; истата компанија ја доби и наградата во категоријата Односи со снабдувачи и потрошувачи за проектот Истражување на пазар (добавувачи, купувачи и потрошувачи); во категоријата Животна средина наградена е Принцесс Груп ДООЕЛ Гевгелија за проектот Зелени практики а во категоријата Вложување во заедницата наградата им припадна на ДПТУ Ренова Џепчиште за проектот Доделување на средства во вид на стипендии и на ПВУ Универзитет Американ колеџ, Скопје за проектот Прослава на меѓународен ден на семејството 15.05.

IMG 4017

На доделувањето, на наградените им се обрати министерот за економија Ваљон Сарачини. Според министерот, интересот на деловните субјекти за наградата е доказ дека концептот за ООП станува составен дел на деловната политика на македонските претпријатија со која тие директно ја подобруваат сопствената конкурентност во глобалната економија со зголемување на додадената вредност на нивните производи и услуги. „Од аспект на странските инвеститори општествената одговорност е еден од начините за намалување на перцепцијата за ризик за инвестирање во земјата. Следејќи ги политиките на ЕУ во доменот на ООП, преку усвојувањето на Националната политика за ООП уште од 2008 година, покажавме дека сме лидери во регионот од аспект на вклученоста на државата во промовирањето на ООП“, додаде тој.

На присутните им се обрати и Неговата екселенција Шефот на делегацијата на ЕУ Аиво Орав и и претседателот на КТООП, Александар Николов.

IMG 4035

Во четири категории доделени се и плакети и тоа кај големите претпријатија за категоријата Однос со вработените за: АД Електрани на Македонија за проектот Грижа за вработените на работни места со зголемен ризик и Шпаркасебанка Македонија АД Скопје за проектот Грижа за вработените; во категоријата Етичко управување плакета доби Цементарница УСЈЕ АД за проектот Комуницирање и вклучување на сите засегнати страни и Алајанс Уан Македонија АД Кавадарци за проектот Програма за законито и етичко работење; во категоријата Животна средина плакета му беше доделена на Фени индустри АД Кавадарци за проектот Одржливо користење на троска од Фени индустри; во категоријата Вложување во заедницата плакети добија: АД Електрани на Македонија за проектот Интеграција на маргинализирани групи, Арцелор Миттал Скопје (ЦРМ) АД Скопје за проектот Изградба на домови во Велес, Алфа банка АД Скопје за проектот Пролетна акција на Алфа банка АД Скопје и Публицис Скопје за проектот Заедно да излеземе од мракот на насилството.

Плакети им беа доделни и на малите и средни претпријатија. Во категоријата Однос со вработените наградата ја добија Друштвото за трговија и консалтинг ФАРМАХЕМ Скопје за проектот Поттикнување на здрав начин на живот и љубов кон природата; Друштво за информатичка технологија Некстсенс Скопје за проектот Ја поддржуваме праксата во теорија. Во категоријата Однос со снабдувачи и потрошувачи плакета доби Македонијалек ДООЕЛ Скопје за проектот Унапредување на односите со клиентите. Во категоријата Животна средина плакета доби Адора инженеринг ДООЕЛ за проектот Здраво, економично и квалитетно домување. И, во категоријата Вложување во заедницата плакетите ги добија Би мек ДОО Скопје за проектот Програма за бесплатна семејна едукација, Адора инженеринг ДООЕЛ за проектот Вложување во општините за доброто на граѓаните; Жалфија ДООЕЛ Прилеп за проектот Донација на ХТЗ облека за ТППЕ Прилеп.

IMG 4141

Добитниците се избрани од пријавените 59 проекти на 36 компании. Целта на наградата е да ги промовира позитивните практики на општествено одговорно делување на претпријатијата во Македонија и притоа да инспирира за воведување и понатамошно унапредување на општествената одговорност кај претпријатијата во Македонија.