Министерството за економија на Република Македонија, Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП), Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) и Здружението Конект имаат чест да ви упатат покана за презентација на општествената одговорност на претпријатијата. Презентацијата ќе се одржи на 6 јуни 2012 г. (среда) во Клуб на новинари во Скопје, со почеток во 12 часот.

По реализација на сесијата за планирање во април 2011 година потребно е да се организираат 13 средби во државни институции и останати регулатори. Целта на овие средби е, експерт во полето на јавни политики за ООП да помогне во ревидирањето на ставките во оперативни планови и одредувањето на одговорните оддели или единици за ставките во секој оперативен план.

IMG 9099Новинари од седум редакции и претставници на Тутунска банка и на МРФП од 16 до 19 ноември беа дел од студиската посета на Словенија посветена на општествената одговорност на претпријатијата и известувањето на медиумите за неа. Тие посетија две компании, една банка и три медиуми.

IMG 8939На 28 октомври 2011 година во хотелот Лав во Куманово, пред заинтересираните претприемачи беше презентиран концептот на општествена одговорност на претпријатијата. Присутните ги поздрави Младен Протиќ, раководител на Центарот за развој на североисточниот плански регион, кој беше соорганизатор на настанот.

humanitarna-akcija-3Во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници, а со цел да им го направиме поубаво секојдневието на оние чии насмевки се најслатки - децата, НЛБ Тутунска банка оваа година организираше хуманитарна акција во која донираше играчки.