IMG 3631На 9 октомври 2012 година во Скопје, МРФП во соработка со Македонскиот зелен центар го организираа форумот на тема „Добро за бизнисот, добро за животната средина“, како еден аспект на општествената одговорност на претпријатијата.

Министерството за економија на Република Македонија, Македонската развојна фондација за претпријатија, Сојузот на стопански комори на Македонија и Здружението Конект во соработка со Македонски зелен центар имаат чест да ви упатат Покана за учество на тематскиот форум: „Добро за бизнисот, добро за животната средина“. 

IMG 2570МРФП во соработка со независниот синдикат на лицата со хендикеп „Еднаквост“ на 9 јули 2012 година го организираше форумот на тема „Односи со вработените“. Форумот го отвори Спиро Ристовски, министер за труд и социјална политика. 

Министерството за економија на Република Македонија, Македонската развојна фондација за претпријатија, Сојузот на стопански комори на Македонија и Здружението Конект во соработка со Независниот синдикат на лицата со хендикеп „Еднаквост“ имаат чест да ви упатат покана за учество на Тематскиот форум „Општествена одговорност – еднакви права за сите вработени“, кој ќе се одржи на 9 јули 2012 г. (понеделник) во хотел Порта, Скопје, ќе биде отворен од Спиро Ристовски, Министер за труд и социјална политика на Република Македонија.

IMG 2018На 6 јуни 2012 година пред бизнис секторот во Скопје беше презентиран концептот на општествената одговорност на претпријатијата. На присутните им се обрати Митко Алексов, извршен директор на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССКМ).