„чистење на совеста“На 8 јули 2011 година во Скопје се одржа форумот на тема „Вложување во заедницата“, како еден аспект на општествената одговорност на претпријатијата. Форумот го поздрави Фатмир Бесими, министер за економија. Тој изрази уверување дека форумот „ќе биде мотив повеќе во наредниот период да се зголеми бројот на проекти и фирми со одговорни практики, бидејќи тоа ќе ја направи Македонија подобро место за живеење.“

opstestveno-odgovorni-pretprijatija-ne-poznat-koncept-vo-mkНа 5 јули 2011 година, во Велес се одржа презентација за општествената одговорност на претпријатијата. За активностите на Министерството за економија за поттикнување на општествената одговорност заборуваше Маја Ќурчиева. Таа се осврна на историјатот, институционалната поставеност и улогата на Владата во овозможувањето на општествената одговорност на претпријатијата.

Министерството за економија на Република Македонија, Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП), Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) и Здружението Конект имаат чест да ви упатат покана за учество на тематски форум: „ВЛОЖУВАЊЕ ВО ЗАЕДНИЦАТА".

zaedno-da-si-pomognemeНа 15 јуни 2011 година во Клубот на новинари, се одржа првата работилница за промовирање на концептот за општествено одговорни претпријатија. Таа и следните 11 работилници им се наменети на малите и средни претпријатија кои треба да го запознаат овој концепт, да развијат стратегија и да подготват проекти за ООП.

Министерството за економија на Република Македонија, Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП), Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) и Здружението Конект имаат чест да ви упатат покана за презентација на Општествената одговорност на претпријатијата.