Здружението Конект во рамките на проектот „Општествена одговорност на претпријатијата во РМ“ објавува јавен повик за доделување на експертска поддршка и менторство при подготовка на извештај за општествена одговорност на претпријатието.
По реализација на сесијата за планирање во април 2011 година потребно е да се организираат 13 средби во државни институции и останати регулатори. Целта на овие средби е, експерт во полето на јавни политики за ООП да помогне во ревидирањето на ставките во оперативни планови и одредувањето на одговорните оддели или единици за ставките во секој оперативен план.
Здружението Конект во рамките на проектот „Општествена одговорност на претпријатијата во РМ“ објавува јавен повик за избор на 10 мали и средни претпријатија за доделување на експертска поддршка и менторство при подготовка на извештај за општествена одговорност на претпријатието.
На 30 ноември 2011 г. во10 часот, во хотел Стоун Бриџ во Скопје, Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) во соработка со Организацијата на потрошувачите на Македонија (ОПМ) го организираше тематскиот форум на тема „Односи со потрошувачи“.
Министерството за економија на Република Македонија, Македонската развојна фондација за претпријатија, Сојузот на стопански комори на Македонија и Здружението Конект во соработка со Организацијата на потрошувачите на Македонија организираат тематски форум на тема „Односи со потрошувачи"